Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Song of Solomon 2

:
Macedonian - 2006
1 Возљубената: Јас сум цвет во рамнината шаронска, крин цвеќе во долина!
2 Возљубениот: Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите.
3 Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите неј­зини се слатки за грлото мое.
4 Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов.
5 Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум бол­на од љубов.
6 Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
7 Возљубениот: Ве заколнувам ќер­ки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
8 Возљубената: Гласот на мојот воз­љубен! Еве го: доаѓа, скока преку го­рите, прескокнува преку ридовите.
9 Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, погледнува низ прозорецот, ѕирка низ решетката.
10 Мојот возљубен се огласи и ми рече: „Стани, мила моја, убавице мо­ја, дојди!
11 Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе,
12 цвеќиња се појавија по земјата; настана време за песни, и гласот на гугут­ката се слуша во земјата наша;
13 смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!
14 Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е пријатен, и ли­цето ти е прекрасно.
15 Фатете ни ги лисиците, лисичи­њата, зашто тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.“
16 Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум негова; тој го пасе стадото меѓу кринови.
17 Во ладовините на вечерта кога сенките ги снемува, врати се, мил мој, и биди како срна или како млад елен, по планините разделени.